Роберто Фирмино (31) е новиот играч на Ал Ахли. Бразилскиот напаѓач потпиша договор до 2026 година откако си замина од Ливерпул како слободен играч. Фирмино во саудиската Премиер лига ќе игра со Едуард Менди, голманот кој летово пристигна од Челзи. Соиграч со Фирмино ќе биде и македонскиот репрезентативец Алиоски.
Фирмино ја продолжи серијата пристигнувања на ѕвезди во саудискиот фудбал. Досега за тамошните клубови веќе потпишаа Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Рубен Невес, Н’Голо Канте, Марсело Брозовиќ… Фирмино пред неколку месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Барселона, но тоа не се случи.
Во Бразил, Фирмино играше за Фигуеиренсе и Томбенсе, во 2011 година се пресели во Хофенхајм, а четири години подоцна потпиша за Ливерпул. Тој помина осум години во англискиот клуб, одигра 362 натпревари, постигна 111 и забележа 79 асистенции и освои седум трофеи.
Si Señor 🫡🪄#WelcomeFirmino pic.twitter.com/jZGcJXCUon
— النادي الأهلي السعودي (@ALAHLI_FC) July 4, 2023