Top Sport

Роберто Карлос итно опериран, имал проблеми со срцето

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос е хоспитализиран во Бразил поради проблеми со срцето, а хируршката интервенција траела повеќе од три часа поради одредени компликации.

Карлос (52), кој важи за еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, отишол кај лекарите поради рутински преглед на ногата, каде што бил откриен мал згрутчок на крв, објавува „Дејли Мејл“.

Дополнителните тестови, извршени со магнетна резонанца на телото, покажале дека неговото срце не функционира правилно.

Поранешниот бразилски репрезентативец со националениот тим го освои Светското првенство во 2002 година, додека со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите во 1998, 2000 и 2002 година.

Неговата здравствена состојба се следи, а според првите информации, тој е под постојан надзор на лекар.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');