Top Sport

Роберто Карлос: Шо беше најдобриот фудбалер на ЕУРО 2020

Англиските навивачи на ЕУРО 2020 му дадоа необичен прекар на Лук Шо, нарекувајќи го Шоберто Карлос како споредба со легендарниот бразилски бек, Роберто Карлос, кој сега вели дека Шо бил најдобриот фудбалер на првенството.

Дури и Жозе Мурињо ги фалеше перформансите на Шо за англиската репрезентација, со која стигна до финалето, и Роберто Карлос смета дека 26-годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед требал да ја добие златната топка пред Џанлуиџи Донарума.

„Шо беше најдобриот фудбалер на турнирот. Мора да продолжи да игра така за да го достигне врвот бидејќи најважно е да не се откажуваш“, вели Роберто Карлос во интервју за магазинот „Џи Кју“.

Scroll to Top