Top Sport

Летонија е олимписки шампион во баскет

Летонија го освои златниот медал во баскет 3х3 на Олимпијадата во Токио, откако прво во полуфиналето ја совладаа фаворизираната Србија, за во финалето со 21:18 да бидат подобри и од Русија.

Русите имаа 17:16 водство во финишот на натпреварот, но со две „двојки“, Летонците го обезбедија првото злато на оваа Олимпијада.

Во борбата за бронзата, Србија без проблеми со 21:10 ја совладаа Белгија.

Scroll to Top