Top Sport

Роберто прифатил три пати помала плата

Серхио Роберто сепак ќе остане во Барселона. Еден од капитените се согласил да потпише нов договор за значително помала плата.

„Чави сака Роберто и понатаму да биде дел од Барселона. Џоан Лапорта ја прифатил неговата сугестија. Роберто се согласил на новите услови. Наскоро ќе биде објавен новиот договор“, пишува каталонски „Спорт“.

Според актуелниот договор, Роберто, годишно заработува 9.000.000 евра. Новиот договор предвидува плата од 3.000.000 евра. Фудбалерот ќе потшише на две години.

Поради проблемите со повредите, Роберто, од почетокот на сезоната има одиграно само 560 минути.

Scroll to Top