Top Sport

Робертсон го оперираше рамото

Енди Роберстон, дефанзивецот на Ливерпул и шкотската репрезентација, имаше операција на десното рамо. Информацијата на медиумите им ја сподели менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Капитенот на Шкотска се повреди на 13 октомври на натпреварот меѓу Шпанија и Шкотска во рамките на квалификациите за Европското првенство.

На тој натпревар тој се судри со голманот на шпанската репрезентација Унај Симон и пред крајот мораше да го напушти теренот.

„Робертсон беше опериран и се помина во најдобар ред. Сега процесот започна процесот на рехабилитиација, се надевам дека ќе започне со тренинзи што е можно поскоро“, истакна Клоп.

Scroll to Top