Шкотската ѕвезда на Ливерпул, Енди Робертсон вели дека не сака Лионел Меси „да се доближи“ до Премиер лигата, по шпекулациите кои го поврзуваат Аргентинецот со Манчестер сити.
Меси се наоѓа во „клинч“ со Барселона околу тоа дали е валиден неговиот договор, откако им објави дека бара трансфер, а Сити се појавија како први фаворити поради финансиската моќ и присуството на Пеп Гвардиола. Робертсон не би сакал ова да се оствари.
„Од апсолутно себична гледна точка се надевам дека тоа нема да се случи и ќе остане во Барса. Тој е еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, така што не би било добро да оди кај некој од вашите најблиски ривали. Нема сомнеж дека ако дојде во Премиер лигата ќе донесе иста страст и квалитет каква што носи во Шпанија. Мислам дека Ливерпул не се во трката за него, така што не сакам да биде блиску до Премиер лигата“, вели Робертсон.
Робертсон жали што го „искрши“ Меси: Да го направиш тоа на најдобриот на светот… (видео)