Top Sport

Робертсон жали што го „искрши“ Меси: Да го направиш тоа на најдобриот на светот… (видео)

Шкотскиот ас на Ливерпул, Енди Робертсон признава дека жали за судирот со Лионел Меси уште во првата минута од „Чудото на ’Енфилд’“, триумфот од 4:0 над Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Откако загубија со 3:0 од Барса на „Ноу Камп“, Ливерпул тргнаа остро во реваншот, а Робертсон заедно со Фабињо имаше рана „средба“ со Аргентинецот, соборувајќи го, и иако судијата оцени дека стартот е фер, Робертсон жали за начинот на кој се однесувал.

„Не се каам за ништо во животот бидејќи мислам дека тоа е искуство кое те прави тоа што си. Меѓутоа, ако гледам на тој момент со Меси жалам за судирот. Не сакам да го гледам. Тој ден имавме став дека ништот не може да стои пред нас и креиравме таква атмосфера. Но, да се направи тоа на најдобриот фудбалер на светот. Имам огромна почит кон него и кон Барселона, но тогаш ни беше потребно чудо. Затоа жалам, бидејќи тоа не сум јас како личност. Тоа не е мојот карактер“, вели 25-годишниот Робертсон.

Scroll to Top