Top Sport

Робертсон потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул

Ливерпул и Шкотланѓанецот Енди Робертсон се согласија на нов петгодишен договор, со кој дефанзивецот останува на „Енфилд“ до 2024 како последниот од долгорочните продолжувања на Јирген Клоп по Мохамед Салах, Роберто Фирмино, Садио Мане и Џо Гомез. Како што секогаш е практика на клубот од Ливерпул, во договорот нема излезна клаузула.

Левиот бек на Ливерпул во последните 12 месеци стана еден од најдобрите на својата позиција во Премиер лигата, што е исклучителен успех за фудбалер кој беше ослободен од договорот со Селтик како тинејџер бидејќи бил „премногу мал“. По ова тој играше за шкотскиот третолигаш Квинс парк, пред да направи трансферо во Данди јунајтед, па во Хал сити во 2014 година.

„Кога клубот пријде за нов договор, воопшто не размислував – сакам да останам тука и кога ми дадоа понуда ја потпишав. Беше лесно да се договориме“, вели 24-годишниот Робертсон, кој дојде во Ливерпул за 8 милиони фунти во летото 2017 година.

Scroll to Top