Левиот бек на Ливерпул Енди Робертсон бил гостин во „подкастот“ на поранешниот фудбалер Питер Крауч.
Робертсон евоцирал спомени од минатогодишното полу-финале со Барселона во Лигата на шампионите и дуелите што ги имал со Лионел Меси.
„Мана ми е што некогаш на теренот се однесувам како навивач, а некогаш како професионален фудбалер. Фабињо и јас го следевме Меси, завршивме на тревата и тогаш малку го искубав за косата. Не беше среќен поради тој мој потег, а јас ве уверувам дека никогаш не би го повторил тоа. Жалам поради тој мој гест. Покажав непочитување кон најдобриот играч на сите времиња“, рекол Робертсон и дополнил.
„Постигна два гола на тој натпревар, сите зборуваа само за него. Сметам дека е најдобриот на сите времиња. Имаше ситуации кога двајца наши играчи го удираа, а тој продолжуваше да трча кон голот. Застрашувачки е што се може да направи тој човек. Некогаш морате да имате и среќа кога играте против него. Многу е добар“.