Англискиот поп-пејач, Роби Вилијамс беше еден од „гостите“ во последниот документарен филм за германската ѕвезда на Реал Мадрид, Тони Крос, кого го повика да си замине од „Бернабеу“ и да потпише за Манчестер јунајтед.
Вилијамс и Крос имаат необично и долго пријателство, иако Вилијамс и покрај љубовта кон фудбалот, вели дека не ги сака Реал Мадрид.
„Ти освои сѐ во Мадрид и сега барам да потпишеш со Манчестер јунајтед. Мислам дека Англија ја има најдобрата лига на светот. Но, едно нешто ме нервира. Реал Мадрид ме прават да се чувствувам мал, како да имам мал пенис“, вели Вилијамс во документарецот.