Top Sport

АП: Спортисти на деценијата се Леброн Џејмс и Серена Вилијамс

Американската новинска агенција „Асошиејтед прес“ ги избра Леброн Џејмс и Серена Вилијамс како најдобри спортисти на деценијата која што изминува.

Леброн во последните 10 години има три НБА титули (2012, 2013 и 2016) и трипати ја освојуваше МВП наградата на НБА финалето учествувајќи во сите 10 Ол Стар натпревари. Леброн го победи квотербекот на Њу Ингланд Патриотс Том Брејди, Лионел Меси и американската пливачка легенда Мајкл Фелпс во овој избор. Пред Леброн оваа награда ја добиваа голферот Тајгер Вудс (2000-ти), хокеарот Вејн Грецки (1990-ти) и голферот Арнолд Палмер (1980-ти).

Во избор на спортистките, Серена Вилијамс, освојувачката на 23 гренд слем титули, од кои 12 во изминатата деценија е победник пред уште четири Американки – гимастичарката Сајмон Бајлс, пливачката Кејти Ледецки, и скијачите Линдзи Вон и Микаела Шифрин.

Scroll to Top