Top Sport

Робин Олсен ќе го брани голот на Рома

Шведскиот голман Робин Олсен е наследникот на Алисон Бекер на голот на Рома, објави римскиот клуб.

Рома за голманот кој бранеше на високо ниво на Светското првенство, на Копенхаген, му плати 12 милиони евра, а данскиот клуб ќе добие и 10 отсто од наредниот трансфер.

Олсен (27), во кариерата има настапувано за Малме и ПАОК. Тој е еден од најзаслужните за пласманот на Шведска во четврт-финалето на Светското првенство.

Швеѓанецот на голот на „волчицата“ ќе го замени Алисон Бекер, кој за светски рекорд од 75 милиони евра се пресели во Ливерпул.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');