Top Sport

Робин ван Перси го игра последниот меч овој викенд (видео)

Робин ван Перси ќе го одигра својот последен меч во кариерата во недела кога неговите Феенорд ќе ги пречекаат АДО Ден Хаг во последното коло во Ередивизие.

35-годишниот поранешен фудбалер на Арсенал и Манчестер јунајтед става крај на „прекрасната кариера“ во недела, потврди тренерот на Феенорд, Џовани ван Бронкхорст.

Откако ги помина првите пет сезони во кариерата на „Де кујп“, Ван Перси се пресели во Арсенал во 2004 и имаше 270 настапи за „топчиите“ пред да направи контроверзен трансфер во Манчестер јунајтед во 2012 и во првата сезона да ја освои Премиер лигата. Потоа тој играше за Фенербахче пред во 2017 да се врати во Феенорд.

Ван Перси е најдобар стрелец на холандската репрезентација со 50 голови во 102 настапи. Оваа сезона тој има 30 настапи за Феенорд и одлични 18 голови.

Scroll to Top