Судот во Милано го осуди поранешниот бразилски репрезентативец, Робињо на девет години затвор поради групен сексуален напад, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Поранешниот напаѓач на Милан и Манчестер сити е осуден бидејќи заедно со уште пет луѓе силувал 22-годишна девојка во еден клуб во Милано на 22 јануари 2013 година. Робињо играше за Милан од 2010 до 2015 година, а во моментов играш за домашниот клуб Атлетико Минеиро, а последниот настап за бразилската репрезентација ја имаше против Колумбија во јануари.
Бидејќи Робињо е бразилски државјанин и живее таму, најверојатно нема да оди во затвор за прекршокот. Според бразилските закони ниту еден бразилски државјанин не може да биде пратен во друга земја за криминални прекршоци, иако тоа не важи ако тој замине од државата и биде уапсен на друго место.
Атлетико Минеиро одби да коментира за пресудата, велејќи дека нивните адвокати подготвуваат изјава.