Top Sport

Робињо зема титула со Башакшехир, па си отиде од клубот

Истанбулски Башакшехир направи изненадување и дојде до титулата во Турција, а придонес во тоа имаше и Бразилецот Робињо.

Тој одигра 15 меча, ја зема титулата, но веднаш потоа остана без ангажман.

Двете страни спогодбено го раскинаа договорот, па 36-годишниот напаѓач стана слободен игра.

Во текот на неговата богата фудбалска кариера настапуваше за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Гвангжу Евергранде, Атлетико Минеиро и Сиваспор пред да прејде во редовите на новиот турски шампион, во јануари минатата година.

За „Кариоките“ одигра 100 меча и постигна 28 гола.

Scroll to Top