Килијан Мбапе, вчера наполни 23 години, а роденденот на кој не биле Лионел Меис и Нејмар, го прославил синоќа.
На роденденската забава, според она што може да се види на фотографиите биле Серхио Рамос, Андер Ерера,, Серхио Рико, Кејлор Навас, Марко Верати, Жоржињо Вајналдум, Данило, Хуан Бернат, Јулијан Дракслер…
Покрај Меси и Нејмар на забавата не биле Анхел Ди Марија, Мауро Икарди и Леандро Паредес.
Бернат открил дека соиграчите на Мабпе, му подариле дрес со неговото презиме и бројот 2050. Ова е алузија на тоа до кога Мбапе треба да остане во ПСЖ.
Мабпе е играч на ПСЖ од 2018 година, за неговиот трансфер „светците“ издвоија 145 милиони евра. Како сега стојат работите тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Париз.