Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс му подарил на својот стар пријател, тренерот на Рома, Жозе Мурињо шише од неговото омилено португалско вино по 1:1 ремито на двата клуба во првиот меч од полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА во четвртокот.
Двајцата добро се познаваат откако Роџерс работеше во академијата на Челси додека Мурињо првпат беше менаџер на „Стемфорд Бриџ“.
„Ми донесе најдобро шише португалско вино. Плачеше бидејќи беше навистин скапо! Но, сепак, се намачи додека го најде. Не знам како го најде, но знам како скапо го плати. Кога ќе го испијам? Мислам следната недела без разлика на резултатот. Беше убаво да се види Брендан, среќен сум што направи кариера. Сега двајцата имаме иста желба. Победникот на финалето во Рим, мора да победи во финалето во Албанија“, изјави Мурињо.
Роџерс исто така беше полн со пофалби за Португалецот.
„Тој е врвен тренер. Секогаш бил и секогаш ќе биде. Зборувавме долго пред мечот. И тој го доби своето шише вино, така што мора да е задоволен“, вели Роџерс.
"He gave me the best wine on the market!" ?
The Mourinho & Rodgers reunion was a real love-in tonight! ?#LEIRMA | #UECL pic.twitter.com/uuJh7C6FAs
— Virgin Media Sport (@VMSportIE) April 28, 2022