Top Sport

Британецот Ретлкиф нуди над 4 милијарди фунти за Челси!

Еден од најбогатите Британци, Сер Џим Ретклиф дал сензационална доцна понуда за Челси која тежи над 4 милијарди фунти, тврди британскиот весник „Тајмс“.

Ретклиф, кој е познат како голем навивач на Манчестер јунајтед, дал понуда со која сака да ги победи трите американски конзорциуми кои останаа во трката за преземање на клубот од рускиот милијардер, Роман Абрамович, ветувајќи 1.75 милијарди фунти инвестиции во следните 10 години за развој на „Стемфорд Бриџ“, на тимот и на инфраструктурата.

69-годишниот газда на компанијата „ИНЕОС“, кој исто така е сопственик на францускиот клуб Ница и инвеститор во Ф1 тимот на Мерцедес, веќе разговарал со британската влада за потенцијалниот договор и сака зделката да се случи веќе овој викенд.

„Дадовме понуда утрово, ние сме единствените Британци кои се заинтересирани. Мотивот е едноставен – да се обидеме да креираме многу фин клуб во Лондон. Нема мотив за профит, бидејќи парите ги заработуваме на поинаков начин“, изјави Ретклиф.

Ретклиф има проценето богатство од 21 милијарда фунти.

Ретклиф и официјално е газда на Ница

Најбогатиот Британец тврди: Глупаво е да го купиш Манчестер јунајтед

Scroll to Top