Top Sport

Роџерс: Прекрасно што никој не верува во титула за Лестер

И покрај тоа што Лестер се на второто место на табелата и имаат низа од осум победи едноподруго, менаџерот Брендан Роџерс вели дека е одлично што никој не верува дека неговиот тим е предизвикувач за титулата оваа сезона, иако признава дека е горд што неговиот тим изгледаше „врвно“ при 4:1 победата на гости кај Астон вила.

Лестер имаат рекордна за клубот низа од осум победи едноподруго во Премиер лигата, но се на далечни осум поени зад Ливерпул и шест поени пред Манчестер сити. Иако веќе го шокираа светот со титулата во 2014/15, Роџерс вели дека е прекрасно што ривалите ги сметаат за „аутсајдери“.

„Мислам дека никој не очекува да бидеме блиску до врвот. Откако Манчестер јунајтед ги победија Сити, веднаш се појави слика за тоа колку Манчестер сити се далеку од Ливерпул, а нас не ’прескокнаа’. Го почитуваме тоа и си продолжуваме со нашата работа. Секако, нормално е бидејќи Манчестер сити и Ливерпул се неверојатни тимови и лани покажаа колку се добри. Ние можеме само да работиме и да се доближуваме до нив. Денеска на пример, мислам дека изгледавме како врвен тим“, вели Роџерс.

Варди и „Лисиците“ во лов Ливерпул – нов убедлив триумф на Лестер (видео)

Scroll to Top