Top Sport

„Невиден“ натпревар во Србија! Луда магла на Јавор-Вождовац (видео)

Јавор загуби дома со 1:2 од тимот на Вождовац во меч од српската Суперлига, кој може да се нарече и „невиден“, поради тоа што тешко дека малубројната публика можеше да забележи што има на теренот поради густата магла.

Во меч на граница на регуларноста, посебно во второто полувреме, гостите славеа со головите на Станисављевиќ и македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски, а Вождовац преку својот Твитер профил се „пофали“ со условите за игра.

Scroll to Top