Top Sport

Роџерс признава: Ситуацијата во Лестер не е стабилна

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс на алармантна прес-конференција призна дека неговиот клуб во моментов не е стабилен пред мечот против Манчестер јунајтед во четврток, откако „лисиците“ се на дното на Премиерлигата по само еден по во првите четири меча, без летни засилувања и со првата ѕвезда, Весли Фофана пред трансфер во Челси.

Роџерс, кој е во клубот од февруари 2019, очекуваше лето во кое ќе донесе засилувања за обнова на тимот, но Лестер досега донесоа само замена за голманот Каспер Шмајхел, Алекс Смитис. Покрај очекуваниот трансфер на Фофана, Јури Тилеманс влегува во последната сезона од договорот и сака да замине.

„Мислам дека и претходно кажав дека за да има развој мора да има стабилна ситуација во клубот. Нашата стабилност не е тука. Ова ќе се смени кога ќе заврши преодниот рок. Имаше фудбалери кои мислеа дека си заминуваат, но нема да има трансфер. Не успеавме да донесеме играчи за да се подобриме. Имаме талентирани фудбалери, но тоа не значи ништо ако не играме колективно. Кога ќе заврши преодниот рок ќе ја добиеме стабилноста“, додава Роџерс.

Scroll to Top