Top Sport

Себастиен Але вели дека се чувствува добро во првото интервју по хемотерапијата

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Але вели дека се чувствува „навистина добро“ во првото интервју по неговиот третман за рак на тестисите, порачувајќи им на луѓето „почесто да се проверуваат“ за болеста.

На фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска му беше откриен туморот откако му се слоши на турнејата на Дортмунд во Швајцарија во јули, по што беше на операција и почна со хемотерапија.

„Мојата сопруга беше во шок, но некако се справи со тоа. Но, мојата мајка не… Знаете како е, мајките се мајки. Им се јавив на моите браќа и сестри за да осигурам дека ќе бидат таму за неа, за да не биде сама. Во моментов се чувствувам навистина добро. Дури сум на исто ниво како пред неколку месеци и тоа е добар знак. Јадам добро, и имам огромна поддршка. Сакам да им кажам на сите дека се чувствувам добро и да одат да се проверат“, вели Але во интервју за „ЕСПН“.

Але дојде во Дортмунд минатиот месец од Ајакс за 31 милиони фунти по импресивната сезона 2021/22 во која имаше 34 гола за „копјаниците“.

Себастиен Але непрепознатлив по борбата со ракот на тестисите

Scroll to Top