Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс инсистира дека Џејмс Медисон и Весли Фофана ќе останат кај „лисиците“ и во новата сезона, откако клубот наводно одбил понуди од вкупно 100 милиони фунти за двајцат фудбалери.
Њукасл понудиле 40 милиони фунти за 25-годишниот Медисон, додека Челси подолго време се заинтересирани за 21-годишниот дефанзивец Фофана, како решение за нивната ослабена одбрана.
„Весли Фофана и Џејмс Медисон не се на продажба. Тоа се многу важни фудбалери за нас. Сега, можеби сме во ситуација да продадеме дел од играчите, но но и нашите најдобри играчи“, вели Роџерс.
Медисон има уште две години од договорот со Лестер и имаше одлична сезона 2021/22, со 18 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања.