Top Sport

Рома го продаде Верету на Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј и официјално го потврди купувањето на Жордан Верету од Рома во договор вреден 11 милиони евра, плус 4.5 милиони евра во бонуси.

29-годишниот француски интернационалец не беше во плановите на Жозе Мурињо, а последните недели италијанските медиуми шпекулираа дека Милан и Јувентус се заинтересирани за трансфер. Сепак, тој се реши за враќање во Франција, откако беше во Серија од 2017 година, кога Фиорентина го купи од Астон вила.

Рома го купи Верету од Виола за 18.5 милиони евра во 2019 година.

Scroll to Top