Top Sport

Родри има проблем со истото колено

Шпанскиот фудбалер Родри не игра континуирано околу една година откако имаше повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.

На почетокот на минатата сезона, Родри се повреди на натпреварот против Арсенал, поради што ја пропушти речиси целата натпреварувачка година, се појави на последните неколку натпревари.

Тој беше дел од тимот на Светското клупско првенство и се чинеше дека во последно време добива континуитет. Пред осум дена ги помина сите 90 минути на теренот против Арсенал, требаше да игра и викендот против Барнли, но почувствувал болка во истото колено што го држеше надвор од теренот подолг временски период. Доволна причина да да се вклучи алармот на „Етихад“.

„На тренингот пред натпреварот, Родри ми рече дека не може да игра и дека чувствува болка во коленото. Го прашав дали е навистина така и му реков: „Добро, тогаш ти нема да играш, некој друг ќе игра“. Тоа е истото колено што го оперира“, откри Гвардиола и ја загрижи фудбалската јавност.

Со и без шпанскиот играч за врска, Манчестер Сити не е ист тим. Човекот кој ја освои минатогодишната „Златна топка“ моментално поминува низ тежок период бидејќи коленото би можело да му предизвика проблеми во иднина.

Scroll to Top