Top Sport

Родри на уште една пауза

Враќањето на еден од најдобрите фудбалери во светот во целосна натпреварувачка форма по теѓката повреда на предниот лигамент минатиот септември не оди според планот.

Повредата на препоните на Родри е посериозна отколку што се мислеше претходно и тој нема да се опорави пред репрезентативмата пауза во септември, откри менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

Шпанецот ги одигра своите први минути на теренот по 236 дена отсуство и 47 пропуштени натпревари во претпоследното коло од Премиер лигата минатата сезона, кога играше седум минути против Борнмут, потоа како резерва се појави во сите четири натпревари на Сити на Светското клупско првенство на ФИФА во САД, но во последниот, против Ал-Хилал. заработи повреда на препоните.

Кога започнаа подготовките на „граѓаните“ за сезоната 2025/26, се покажа дека повредата на освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година е посериозена отколку што се мислеше и дека го чека нова пауза.

Сити ја отвора сезоната на 16 август со гостување кај Вулверхемптон, а до септемврискиот квалификациски „прозорец“ за Светското првенство во 2026 година, ќе се сретнат и со Тотенхем и Брајтон.

Scroll to Top