Top Sport

Родри: Знам како функционираат работите, затоа не ја добив Златната топа

Шпанскиот репрезентативец, Родри освои се што можеше да се освои со Манчестер сити минатата сезона. Родри, целтата сезона ја одигра на исклучително високо ниво и беше можеби најдобриот играч на Сити.

И покрај тоа поранешниот фудбалер на Виљареал и Атлетико Мадрид, не беше ниту блиску до освојување на Златната топка, која му припадна на Лионел Меси.

„Не сум изненаден. Тоа е нормално. Знам како функционираат работите со индивидуалните награди. Втемелени се врз парите, маркетингот и лобирањето. Имаше и други шпански играчи од средниот ред кои не го добија она што го заслужија. Во фудбалот, секогаш е најважно она што ќе го постигнете како тим“, изјави Родри за „Мирор“.

Scroll to Top