Џејмс Родригез (30) е блиску до трансфер во Олимпијакос. Колумбискиот напаѓач денеска ќе пристигне во Грција за да ги помине лекарските прегледи и потоа да потпише за грчкиот шампион.
Грците прво ќе го доведат Џејмс на позајмица, а на крајот на сезоната ќе одлучат дали сакаат да го откупат од Ал Рајан. Џејмс во новиот клуб ќе му се придружи на својот поранешен соиграч Марсело, кој пристигна бесплатно по завршувањето на договорот со Реал Мадрид.
Родригез и натаму е еден од клучните играчи на колумбиската репрезентација која за еден бод не успеа да се пласира на Светското првенство.
Во кариерата Колумбиецот играше Евертон, Реал, Баерн, Монако, Порто, аргентинскиот Банфилд и колумбискиот Енвигадо. Тој ја напушти Јужна Америка во 2010 година.