Хамес Родригез бил означен како потенцијално засилување за Јувентус во четниот преоден рок. Колумбиецот е играч на Реал Мадрид, кој е позајмен во Баерн Минхен.
Германскиот великан има опција да го откупи договорот на Родригез од Реал за 42 милиони евра. Доколку од Баерн не ја активираат клаузулата, тогаш тој по завршувањето на сезоната ќе мора да се врати во Мадрид, а Јувентус ќе можат да ги започнат преговорите.
Родрогез, за разлика од минатата сезона, во тековната не е стандарден во тимот на Баерн. Неговиот статус се смени откако на тренерската позиција стапи Нико Ковач, што значи дека голема е веројатноста Баерн да се откажат од можноста да го откупат овој играч од Реал.
На трансферот во Јувентус наводно инсистирал и менаџерот на фудбалерот, Жорж Мендеш, кого клупските челници имаат добра соработка.