Top Sport

Родриго нема намера да го напушти Реал

Реал Мадрид сезоната 2024/2025 ќе ја заврши без „голем трофеј“. Барселона на Реал му го зеде Купот на Шпанија и националниот шампионат, а во Лигата на шампионите Арсенал го елиминира „кралскиот клуб“ во четвртфиналето.

Карло Анчелоти, тренерот на Реал, си оди од клубот, а првиот човек Флорентино Перез, подготвува и реконструкција на тимот.

Слично како и минатата сезона, со заминување од Реал се поврзува Бразилецот Родриго. Не е тајна дека Пеп Гвардиола сака да го донесе во Манчестер сити, а наводно за него се распрашува и Арсенал.

Бразилецот реши да одговри на овие шпекулации.

„Ви благодарам за сите пораки и „грижата“ што ја покажувате. Ќе се вратам. Престанете да измислувате вакви работи“, напиша Родриго на социјалните мрежи.

Оваа сезона, Родриго постигна 13 гола и запиша 10 асистенции, одигра 50 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top