Top Sport

Родриго „пука“ од самодоверба: Ќе му дадам гол и на Ливерпул

Младиот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Родриго Гоес, беше вистински херој на Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите – со голови во финишот на реваншот му донесе продолжение на шпанскиот гигант, во кој избраниците на Анчелоти успеаја да го елиминираат Манчестер сити.

По одличниот настап, 21-годишниот фудбалер очекувано е многу сигурен пред финалето на Лигата на шампионите, каде противник на Реал ќе му биде Ливерпул.

Тоа ќе биде реприза на финалето од 2018 година кога шпанскиот претставник го крена пехарот, со победата од 3:1.

„Се обложив со татко ми – реков дека ќе дадам три гола против Сити, а постигнав само два. Ми фали уште еден, тој ќе го дадам во финалето. Кога го носиш овој дрес, се може да се случи, се бориме до крај. Не можам со зборови да опишам што се случи против Сити, бевме мртви“, изјави Родриго.

„Тоа беше еден од најсреќните денови во мојот живот, уште една магична ноќ на нашиот стадион и мило ми е што успеав да влијаам на исходот на натпреварот“, изјави 21-годишниот Бразилец.

Во сабота на 28. мај во Париз на програмата е финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top