Top Sport

Родриго: Реал ми забрани да зборувам за расправијата со Меси

Реал Мадрид, во Ц групата, синоќа ја запиша петтата победа во Лигата на шампионите и го задржа максималниот учинок. На „Сантијаго Бернабеу“, Реал го победи Наполи со 4:2

Бразилецот Родриго го постигна првиот од четири гола за Реал. Во финишот се ожали на повреда, во Реал се надеваат дека не е ништо сериозно.

Родриго, блесна и во Примера, во неделата, во Кадиз постигна два гола.

Минатата недела тој доби многу простор во медиумите, откако влезе во расправија со Лионел Меси, на натпреварот меѓу Бразил и Аргентина (0:1).

Овој момент се уште е интересен за медиумите, ги интересира што точно му рекол Родриго на Меси.

„Не можам да зборувам за тоа. Реал не ми дозволува“, рече младиот Бразилец по натпреварот со Наполи.

Scroll to Top