Top Sport

Родриго стана најмладиот стрелец во Копа Либертадорес (видео)

Бразилските медиуми веќе го промовираа во „Новиот Нејмар“, неговото име е Родриго Гоеш и тинејџерската сензација влезе во историјата со неговиот Сантос.

Со само 17 години, 2 месеци и шест дена, Родриго стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол во Копа Либертадорес, откако беше дел од 3:1 победата над Насионал од Уругвај во четвртокот. Со ова тој го подобри рекордот на поранешниот играч на Вердер, Диего поставен во 2003 за да стане најмлад стрелец во 58-годишната историја на натпреварувањето.

Родриго, кој сигурно порано или подоцна ќе биде дел од некој моќен европски клуб, по мечот се извини на неговите учители.

„Ова е остварување на сонот, но жал ми е што морав да ги пропуштам часовите за да играм. Се надевам дека моите учители разбираат“, вели Родриго.

Scroll to Top