Top Sport

Фазлагиќ донесе нова победа на Шкендија

Енис Фазлагиќ со одличен го во 17. минута од мечот и донесе на Шкендија 1:0 победа над Силекс со кој тетовци се на чекор до обезбедување на шампионската титула.

Младинскиот македонски репрезентативец шутираше прецизно од работ на шестнаесетникот за Шкендија да собере вкупно 62 поени, дури 16 повеќе пред Вардар, кои исто така со минимални 1:0 ја совладаа Ренова во Скопје.

Човек на одлука за Вардар беше Дејан Блажевски, кој го постигна единствениот гол во 23. минута од мечот по одличната асистенција на Максимов. Дуелот беше одбележан и со транспарент за кој судиите решија дека е политички и мечот беше одложен неколку минути додека навивачите на Вардар го отстранија транспарентот.

Победа стигна до првата победа оваа пролет под водство на новиот тренер Крчмаревиќ, победувајќи го Работнички со 2:0, додека Пелистер во 93. минута извлече 1:1 реми на гостувањето кај Академија Пандев.

Фото: ФК Шкендија

ПМФЛ, 24.КОЛО

Академија Пандев – Пелистер 1:1

Победа – Работнички 2:0

Шкендија – Силекс 1:0

Вардар – Ренова 1:0

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 62, 2.Вардар 46, 3.Силекс 36, 4.Шкупи 29, 5.Работнички 28, 6.Академија Пандев 28, 7.Ренова 25, 8.Победа 25, 9.Пелистер 22, 10.Скопје 17.

Scroll to Top