Маркос Рохо ја откри причината поради тепачката во соблекувалната со Златан Ибрахимовиќ кога двајцата беа фудбалери на Манчестер јунајтед. Рохо, кој сега е во Естудијантес, беше колега со Златан, кој сега е во Милан од 2016 до 2018.
Тие беа вклучени во поголем инцидент во соблекувалната по конфликт на тренингот, по што морал да интервенира тогашниот менаџер Жозе Мурињо. Рохо, во интервју за аргентинскиот „Сиело спортс“ открива како се случил инцидентот.
„Златан има силен карактер, а за тоа ме предупреди и Езекиел Лавеци. Знам дека сакаше да му ја даваме топката цело време, и кога го побара тоа од мене му ја подадодв на Пол Погба. Тој тогаш ја крена раката и почна да вика кон мене, кажувајќи ми многу работи на шпански и англиски. Јас му одговорив: ’Што е со тебе, носле? Замолчи’. Знаев дека ако ќе ме фати ќе ме убие и затоа морав да соочам со него. Кога влегов во соблекувалната му кажав да замолчи и да престане да вика. Почнавме да се навредуваме, сите не гледаа, и тогаш дојде Жозе Мурињо“, открива Рохо.
Рохо се врати во Аргентина со шестмесечна позајмица во Естудијантес, но има договор со „ѓаволите“ до 2021 година.