Top Sport

Рој Кин преговара да стане селектор на Азербејџан

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Ирска и на Манчестер јунајтед, Рој Кин преговара за да ја преземе селекторската позиција во Азербејџан, тврди британскиот „Сан“.

Легендата на Манчестер јунајтед моментално работи како ТВ-коментатор за „Скај спортс“, откако си замина од позицијата помошник менаџер во Нотингем форест пред една година. Според изворите на „Сан“, богатата земја му нуди богат договор во обид да ги предводи во Ц лигата од Лигата на нации на УЕФА во обид да се подобри тимот.

Кин ја заврши фудбалската кариера во 2006 година, по што стана менаџер на Сандерленд, по што работеше две години во Ипсвич Таун, пред да му стане помошник на Мартин О’Нил на кормилото на Република Ирска. Во 2014 година тој помина четири месеци како помошник во Астон вила, пред во 2018 да си замине од Ирска. Тој му се приклучи на О’Нил во Нотингем во јануари 2019, но само шест месеци подоцна си замина од оваа позиција.

Scroll to Top