Top Sport

Спас за Мекларен – добија кредит од Бахреин од 150 милиони фунти

Проблемите со финансиите на вториот најуспешен тим во историјата на Формула 1, Мекларен се решени откако Националната банка на Бахреин им даде позајмица од 150 милиони фунти.

Мекларен, компанијата која го вклучува и производителот на ексклузивните улични автомобили, бараше заем со поставување на фабриката во Вокинг и колекцијата на историски болиди под хипотека, но дел од доверителите на тимот се спортиставија на тоа. Со ова компанијата се најде во незавидна позиција да им се потребни огромни финансиски средства за да не дојде до банкрот.

„Националната банка на Бахреин потврдува дека е потпишана потребната документација за финансиски план од 150 милиони фунти со Мекларен“, објави банката на земјата од Блискиот Исток.

Мнозински сопственик на Мекларен со 56 отсто е кралското семејство на Бахреин преку „Мумталакат“ инвестициската компанија, истата која поседува 44 отсто од Банката на Бахреин.

Мекларен во тешка финансиска состојба, можен е банкрот?

Scroll to Top