Марко Ројс, легендата на Борусија Дортмунд, откри зошто решил кариерата да ја продолжи во странство. Ројс го носеше дресот на тимот од Вестфален од 2012 до 2024 година. Ројс постигна 169 гола на 426 натпревари за Дортмунд Минатата пролет беше објавено дека клубот нема да му понуди нов договор.
Ројс започна во младинската школа на Борусија Дортмунд, а професионалната кариера ја започна во Рот Вајс Ален во 2007 година, потоа се пресели во Борусија Менхенгладбах во 2009 година. Од Менхенгладбах потоа се врати во родниот град и во омилениот клуб.
„Ја напуштив Бундеслигата поради поврзаноста со Дортмунд. Не би можел да играм против Борусија. Исто така, тоа беше последна шанса за мене да направам голема промена во кариерата и да доживеам авантура“, изјави Ројс и додаде:
„Вистина е дека имав понуди од други бундеслигаши. Без размислување ги одбив сите бидејќи веќе решив дека ми треба промена. Пред да дојде понудата од САД имав понуди од Саудиска Арабија. Истражував за таа земја, а потоа добив понуда од ЛА Галакси на која не можев да одолеам“.