Марко Ројс ќе го пропушти првиот осмина-финални натпревар во Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд, в среда, ќе гостуваат кај Тотенхем во Лондон.
Капитенот на „милионерите“ се повреди минатата среда во Купот на Германија против Вердер. Ројс дуелот го заврши по првото полувреме, а поради повредата не настапи во првенствениот меч против Хофенхајм.
„Наскоро ќе решиме, но не очекувам да се счучи некое чудо до среда“, рекол спортскиот директор на Дорусија, Михаел Цорк.
Отсуството на Ројс ќе претставува голем проблем за Борусија, бидејќи тој со 13 гола е најдобрите стрелец на тимот во Бундес лигата.
Утеха за „милионерите“ е информацијата дека двајцата најдобри играчи на Тотенхем, Хари Кејн и Деле Али исто така ќе го пропуштат дуелот.