Месут Озил можеби го загуби стартното место во германската репрезентација по големиот број критики, но плејмејкерот на Арсенал останува еден од најдобрите фудбалери на светот, вели неговиот колега од репрезентацијата, Марко Ројс.
Откако Германците прво беа налутени од неговата фотографија со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тие беа апсолутно разочарани од слабата игра при 1:0 поразот од Мексико, по што Јоаким Лев реши да не го стави во игра во дуелот со Шведска.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ројс беше на неговото место и тој даде еден гол во драматичната 2:1 победа со која останаа во игра за осминафиналето. Ова беше прво изоставување на Озил од голем турнир и не е јасно дали тој ќе биде вратен во последното коло по групи против Јужна Кореја. Ројс верува дека треба да биде така.
What! A! Fight! ??? We are one team – on and off the pitch. No matter what they say. ? #DieMannschaft #BestNeverRest #HereToCreate #GERSWE @woodyinho pic.twitter.com/GA6UauaOT4
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) June 23, 2018
„Ние сме еден тим, на и надвор од теренот без разлика на коментарите. Тоа само покажува дека Месут е со нас во тимот и е многу важен играч за нас. Еден од најдобрите на светот и сигурен сум дека повторно ќе го видиме на овој Мундијал“, вели Ројс.
Германија мора да ја победи Јужна Кореја, но постои бизарна шанса ако трите репрезентации (Германија, Мексико и Шведска) завршат со ист број на поени, патникот во осминафинале д се одредува според фер-плејот, или на крајот со ждрепка.
„Ако дојде до такво нешто, ќе биде многу тешко за нас. Ако се влече ждрепка ќе биде бизарно, но правилата не ги правиме ние“, вели Ројс.
Фото: ЕПА