Само Вердер успеа да забележи победа во првите пет натпревари што се одиграа попладнево во рамките на 16.коло, во Бундеслигата.
Вердер го победија Аугсбург со 2:0, со головите што ги постигнаа во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол го постигна Гебре Селасие во 84., а конечниот резултат во 87.минута го постави Агу.
Во дербито, Волфсбург и Лајпциг одиграа 2:2. Лајпциг беа подобриот тим на теренот, но не успеаја да победат. Водеа гостите од петтата минута со голот на Мукиеле, а до крајот на првиот дел Волфсбург направија пресврт со головите Вегхорст и Штефен. Конечниот резултат го постави Орбан во 54.минута.
Борусија, во Дортмунд, доживеа уште едно непријатно изненадување. Давеникот Мајнц освои еден бод, откако водеше со голот на Озтунали во 57.минута. Бод за Дортмунд донесе Мение во 73.минута. Три минути подоцна Марко Ројс не реализира пенал.
Без голови завршија натпреварите Келн-Херта и Хофенхајм-Арминија.