Top Sport

Ројс сака кариерата да ја заврши во Дортмунд

Капитенот на Борусија, Марко Ројс изјави дека сака да ја заврши играчката кариера во клубот од Дортмунд, пренесува „Скај спорт“.

Ројс (33) планира да го продолжи договорот со Борусија, но ќе мора да прифати намалување на платата. Неговиот актуелен договор со Борусија истекува на крајот од сезоната.

„Би сакал тука да ја завршам кариерата. Се ќе биде познато во наредните недели“, изјави капитенот на Борусија.

Ројс во Дортмунд пристигна во 2012 година од Борусија Менхенгладбах. За клубот од Дортмунд одигра 377 натпревари и постигна 161 гол. Со Борусија освои пет трофеи.

За германската репрезентација настапи на 48 натпревари и 15 пати се запиша во листата на стрелци.

Scroll to Top