По воведувањето на ВАР системот за прегледување на снимките за поправање на судските грешки во фудбалот имаше многу критики околу тоа како се одредуваат одлуките и како тоа влијае на играта, но на Роке Меса од Севилја му е поважно тоа што сега веќе не може да ги „мами“ судиите.
ВАР системот се користеше на мечот од Суперкупот на Шпанија меѓу Барселона и Севилја, и Севилја доби позитивна одлука кога нивниот гол преку Пабло Сарабија беше признат иако првично судијата оцени дека се работи за офсајд.
„Од една страна ВАР е добар систем, но од друга страна губиме дел од суштината на фудбалот. Веќе не можеш да и измамиш судиите“, изјави плејмејкерот.