Top Sport

Рома донесе уште еден турски дефанзивец

Рома го потврдија доаѓањето на турскиот дефанзивец Јилдирим Мерт Четин од Генчербирлиги за 3 милиони евра и 10 отсто од идниот трансфер.

22-годишниот Четин ги помина медицинските тестови пред да потпише договор до јуни 2024 и да се приклучи на својот сонародник Ченгиз Ундер, кој неодамна го продолжи договорот со „волчицата“.

„Знам дека доаѓам во голем клуб и дека ќе морам да ја оправдам довербата. Пресреќен сум и не можам со зборови да опишам што чувствувам“, изјави Четин.

Четин имаше 25 настапи за Генчербирлиги минатата сезона и постигна еден гол.

Scroll to Top