Србија со 87:72 (25:18, 19:18, 27:18, 16:18) ја совлада Турција на Акропол купот во Атина, еден од последните подготвителни турнири пред Светското првенство во Кина, покажувајќи дека имаат тим кој во одлична форма, но за жал повторно загубија кошаркар поради повреда.
Тимот на Александар Ѓорѓевиќ доминираше од почетокот до крајот за да го контролираат мечот и да стигнат до победа. Никола Јокиќ беше најефикасен со 18 поени и 11 скокови, Богдан Богдановиќ уфрли 17, а Стефан Бирчевиќ 13 поени. За Турција, Ерсан Иљасова постигна 13, а Чеди Осман 12 поени.
Единствена грижа за Ѓорѓевиќ беше повредата на коленото на Драган Милосављевиќ, кој не го заврши мечот, неколку дена откако тие останаа без ветеранот Милош Теодосиќ.
Србија во финалето на турнирот во Грција ќе игра со подобриот од мечот меѓу домаќинот и Италија.