Рома е најактивниот тим ова лето на трансфер пазарот, а до крајот на преодниот рок римјаните ќе се обидат да донесат уште двајца играчи.
Првиот што би можел да пристигне на „Олимпико“ е Холанѓанецот Мемфис Депај. Овој крилен напаѓач играше во Манчестер јунајтед, но таму не успеа да се наметне, поради што замина во Лион каде ја оживеа својата кариера.
„Среќен сум во Лион, но секако дека во иднина сакам да играм во поголем клуб, ќе видиме што ќе се случи. Сега сум фокусиран на новата сезона. Секој играч сака да игра во најголемите клубови, па доколку пристигне некоја понуда, тогаш ќе седнам со луѓето од Лион за да разговараме за мојата иднина“, рекол 24-годишниот напаѓач.