Калчолигашот Рома објави дека клубот ги откупил договорите на Патрик Шик и Грегори Дефрел од Сампдорија односно Сасуоло.
Овие двајца фудбалери во летниот преоден рок се преселија на „Олимпико“ како позајмени играчи со обврска Рома да ги откупи нивните договори по завршувањето на сезоната.
Рома за Шик плати 22 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, а за Дефрел 15 милиони евра.
Овие двајца играчи досега не дадоа никаков придонес во играта на „волчицата“, заедно имаат постигнато само два гола.
Финансискуот минус на Рома оваа сезона изнесува 40 милиони евра, што е за 13,4 милиони евра помалку во однос на минатата сезона. Намалениот минус се должи на пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите.