Рома се согласи да плати 6 милиони евра на Динамо Загреб за да го обезбеди потписот на младиот хрватски репрезентативец, Анте Чориќ, потврдија од италијанскиот клуб.
Рома ќе плати уште дополнителни 2 милиони евра, или 10 отсто од трансферот, за 21-годишниот Чориќ ако тој замине во друг клуб пред крајот на сезоната 2019/20.
„Верувам дека со неговиот потпис го добиваме еден од најталентираните фудбалери во Европа“, вели спортскиот директор на Рома, Мончи.
Welcome to #ASRoma, Ante Coric! ?
Details ➡️ https://t.co/AQCHJ9aA0V pic.twitter.com/iJAcrUcIXY
— AS Roma English (@ASRomaEN) May 28, 2018