Top Sport

Рома го договори Ектор Ерера

Рома го договори првото засилување за новата сезона. На „Олимпико“ ќе пристигне репрезентативецот на Мексико, Ектор Ерера.

Ерера, за чии услуги се интересираа и од Реал Мадрид, како слободен играч ќе го напушти Порто и ќе се пресели во Рома.

Спортскиот директор на Рома, Мончи и менаџерот на Ерера, веќе ги договориле сите детали околу договорот што ќе го потпише фудбалерот.

Ерера, во јануари ќе потпише четири годишен договор со Рома, а официјално играч на тимот од Рим ќе стане во јуни 2019 година.

Scroll to Top